MENU

Fun & Interesting

Преспав вонредна епизода - КОВИД еден без двајсе

ПРЕСПАВ ТВ серија 1,207,941 lượt xem 4 years ago
Video Not Working? Fix It Now

Преспав: КОВИД еден без двајсе е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав“ и ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО.

Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.

Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без двајсе“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка.

На заболените од COVID-19 им посакувам побрзо оздравување, а на сите други дa ги почитуваат препораките на здравствените работници и СЗО.

Пеце Талески,
продуцент на „Преспав“

Comment