Папаја, манго, аспарагус… додека граѓаните се борат со цените во маркетите, владините функционери уживаат во егзотични гурмански специјалитети. Додека едни едвај преживуваат со минималец, другите не гледаат проблем во трошење на народните пари за луксуз. Оправдување? Тоа била рамковна спогодба за посети на делегации, исто како што правеле и нивните претходници. Премиерот смирува: „Од воздух не можеме да живееме – во Влада постиме“.
Синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6.089 денари, а храната поскапена за 10,43%. Работниците одвај преживуваат со мизерни плати, а нивните пари ги троши службата за општи и заеднички работи на Владата, која склучила договори за набавка на храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440, а нема да нема, па има и лосос, ракчиња, октоподи, краби, бифтек…
Колку чини овој „пост“ и кој го плаќа?
Дали сите исто постиме?