Разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, САД и ЕУ го следат, опозицијата обвинува за партизација, владата решена да го истера до крај. Нова власт нов обвинител? Само сменети улоги на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Упад во судството или борба со корупцијата? Менување на грб, химна, јазк - вешт дефокус на власта од сиромаштијата и високите цени или пак реална најава дека подготвуваат отворање на устав. СДСМ најавува жестоко спротиставување, значи ли тоа протести? Зошто најголемата опозициска партија се плаши од интерпелација за собранискиот спикер Африм Гаши по сите скандали? Зошто мнозинството реши на сила да покаже кој е газда во Собранието? Локални избори пред врата, власта на големо се подготвува, опозициајта допрва ќе бира лидер. Колку се реални најавите на Христијан Мицкоски дека ќе ја збрише опозицијата? Колку Венко Филипче се откажа од трката уште и пред да почне?
Партиска дебата меѓу Мартин Костовски организациски секретар на СДСМ и поранешен пратеник и Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.