Во новиот поткаст на „Разговор во Редакција“ се фокусираме на контроверзниот случај со дивоградбата на професорот Фатон Мурсели на Попова Шапка. Наши гости се авторите на истражувањето, Пелагија Младеновска и Иван Блажевски, кои ги споделуваат откритијата за тоа како еден наизглед микро проблем, нелегално изградена викендичка открива големи системски проблеми, како што се корупцијата, правните пропусти и злоупотребата на власт во Македонија.
Во вториот дел од епизодата, разговараме со Невена Георгиева од 02 Иницијатива, за активистичката перспектива за еколошките и социјалните импликации на ваквите градби и континуираната борба против дивоградбите.
*Изјавата во видеото дадена од Хамди Сулејмани од 13:58 минута до 14:11 минута е преземена од видеото „Дивоградби на Попова Шапка“ од Јутјуб каналот „Глас“ објавено на 1.06.2021: https://www.youtube.com/watch?v=YKO-Rx6joes&ab_channel=Glas
Бори се со нас, бори се за себе!
2025 © Investigative Reporting Lab