Vaska Ilieva & Aleksandar Sarievski - 1980
RTB 2110199 СТЕРЕО
Васка Илиева и Александар Сариевски - Подигни си бре невесте дулачето
Подигни си, бре невесте, дулачето,
подигни си, бре невесте, дулачето,
да ти видам, бре невесте, белото лице,
да ти видам, бре невесте, белото лице.
И да видиш, лудо младо, фајде немаш,
и да видиш, лудо младо, фајде немаш,
бело лице, лудо младо, продадено,
бело лице, лудо младо, продадено.
Подигни си, бре невесте, дулачето,
подигни си, бре невесте, дулачето,
да ти видам, бре невесте, црните очи,
црните очи, бре невесте, гајтан веѓи.
И да видиш, лудо младо, фајде немаш,
и да видиш, лудо младо, фајде немаш,
црни очи, лудо младо, продадени,
гајтан веѓи, лудо младо, продадени.
Продадени, лудо младо, во комшии,
продадени, лудо младо, во комшии,
во комшии, лудо младо, лоши луѓе,
во комшии, лудо младо, лоши луѓе.
Татко зеде, лудо младо, дваесет лири,
татко зеде, лудо младо, дваесет лири,
мајка зеде, лудо младо, срмен елек,
мајка зеде, лудо младо, срмен елек.